Само пет компании засега објавија дека ќе делат дивиденда

Bez autora
Apr 05 2015

Само пет компании засега објавија дека ќе поделат дивиденда, податок кој го чекаат сите акционери во домашните компании. „Алкалоид“ прва соопшти дека во мај акционерите ќе добијат по 189 денари дивиденда по акција.„Македонски телеком“ според одлуката на акционерите соопшти дека ќе исплати дивиденда во вкупен износ од 2 милијарди денари, а бруто износот по акција ќе изнесува 26,23 денари. „Реплек“ минатата недела објави дека според одлуката компанијата ќе исплаќа дивиденда во нето-износ од 55 евра по акција, односно 3.384 денари. „Скопски пазар“ ќе дели од 126 денари по акција, а „Македонија турист“ од 185,86 денари. Интересни се информациите дека кинезите го купуваат „Дуферко“, а со тоа и „Макстил“. Извори од компанијата велат дека кинеската компанија „Хебеи ајрон енд стил груп“ го купува трговскиот дел на „Дуферко интернешенел трејдинг холдинг“. Инаку, компанијата „Дуферко“ поседува над 80 отсто од акциите во скопски „Макстил“.

Само пет компании засега објавија дека ќе делат дивидендаСамо пет компании засега објавија дека ќе поделат дивиденда, податок кој го чекаат сите акционери во домашните компании.

„Алкалоид“ прва соопшти дека во мај акционерите ќе добијат по 189 денари дивиденда по акција.„Македонски телеком“ според одлуката на акционерите соопшти дека ќе исплати дивиденда во вкупен износ од 2 милијарди денари, а бруто износот по акција ќе изнесува 26,23 денари. „Реплек“ минатата недела објави дека според одлуката компанијата ќе исплаќа дивиденда во нето-износ од 55 евра по акција, односно 3.384 денари. „Скопски пазар“ ќе дели од 126 денари по акција, а „Македонија турист“ од 185,86 денари.

Интересни се информациите дека кинезите го купуваат „Дуферко“, а со тоа и „Макстил“. Извори од компанијата велат дека кинеската компанија „Хебеи ајрон енд стил груп“ го купува трговскиот дел на „Дуферко интернешенел трејдинг холдинг“. Инаку, компанијата „Дуферко“ поседува над 80 отсто од акциите во скопски „Макстил“.

А компанијата „Макстил“на веб-страницата на Македонска берза објави дека на 30 март е извршен нетрговски пренос на 2,833,247 обични акции, или на 19,38 отсто од вкупниот број обични акции со право на глас. Во соопштението од компанијата се вели дека овој пренос е последица на универзална сукцесија поради спроведување постапка за статусна промена – присоединување на „Минсорк оверсеас инц“, досегашен акционер на „Макстил“ АД - Скопје, кон „Дуферко скоп Лтд“, како сопственик на 100 отсто од „Минсорк“, а по ова присоединување овој правен субјект престана да постои. „Присоединувањето е резултат на политиката на оптимизирање на сопственичката структура на ’Макстил’ АД – Скопје и не предизвикува никакви суштински промени во неа“, велат од компанијата.

Винарската визба „Тиквеш“, пак, го објави планот за годинава според кој очекува приходите од продажба да пораснат за 7,4 отсто споредено со 2014 година. Компанијата планира бруто-добивката да се зголеми за 27 отсто.

Минатата недела на Македонската берза е остварен промет од 350.314 евра.

Најголемо учество во вкупниот неделен промет имаа акциите на „Алкалоид“ Скопје со промет од 4 милиони денари. Најголем пораст забележаа акциите на „Македонија турист“ Скопје од 5,33 отсто. Најголем пад забележаа акциите на „Телефон монтажа инженеринг Ско“ од 14,29 отсто.

Ова се интересните информации објавени на Македонската берза, а во светот падна британската фунта под притисок на неизвесните избори.

Цената на нафтата, пак, повторно благо ослаби на светските берзи пред велигденските празници, спуштајќи се под 57 долари, под влијание на продолжувањето на преговорите на Иран и западните држави, што би резултирало со дополнително зголемување на понудата. Вчера повеќето финансиски пазари беа затворени поради велигденските празници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik